СПОРТ Фудбал

Погба ќе почека за своето враќање на терен, се разболе

Францускиот фудбалер, Пол Погба, ќе мора да почека за своето враќање на терен, бидејќи само што закрепна од повредата, сега има настинка.

Неговата здраствена состојба ја потврди и тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, кој рече дека Погба нема да игра на утрешниот меч против Колчестер во англискиот Карабао куп.

Погба веќе 11 недели нема играно официјален натпревар. Последен настап му беше на 30 септември против Арсенал, а неизвесен е неговиот настап и за време на претстојниот викенд кога Јунајтед ќе гостува кај Вотфорд во Премиерлигата.

Французинот сезонава играше на само шест меча и нема постигнато ниту еден гол.

Поврзани вести

Провокација од Веспрем: Вардар доаѓа од Јужна Македонија? (ФОТО)

Maja_Serafimova

12-годишно дете обвинето за расизам за време на дербито Селтик – Ренџерс

Влатко Зорба

Икарди го менува Обамејанг во Арсенал?

Stefanija Kuzmanovska

Де Хеа може да го пропушти дуелот со Ливерпул

Влатко Зорба

Емери: Целосно го разбирам разочарувањето на фановите од екипата и од мене

Влатко Зорба

Меси го извадил Роналдињо од затвор

Влатко Зорба