СПОРТ Фудбал

Популарниот Зизу: За мене, Гвардиола е најдобар тренер на светот

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, на прес-конференцијата пред дуелот на „кралскиот клуб“ против Атлетик Билбао, изјави дека Пеп Гвардиола е најдобриот тренер на светот.

Реал во осминафиналето на Лигата на шампионите треба да игра со Манчестер сити на чија клупа седи Гвардиола, па Зидан беше прашан и што очекува од двобоите со тимот на некогашниот играч и тренер на Барселона.

„Без сомнение, за мене Пеп е најдобриот тренер на светот. Ќе биде посебно повторно да се сретнеме после пауза од неколку сезони. Тој повеќе пати покажал дека е најдобар, каде и да работи, освојува трофеи“ – рече Зидан.

Поврзани вести

Јовиќ позитивен на коронавирус

Влатко Зорба

Дибала му донесе три бода на Јуве (ВИДЕО)

Коронавирусот и проблемот со зависноста од обложување

Stefanija Kuzmanovska

Грилиш уапсен на пат кон дома од забава – возел во влечки ?!

Stefanija Kuzmanovska

Во тек се плановите за продолжување на сезоната во НБА

Михајловиќ ги откри деталите од борбата со леукемијата (ВИДЕО)