СПОРТ

Поранешен НБА кошаркар кон Трамп: Направи нешто, е**н кловну!

Тензијата се зголемува и во Европа и во Соединетите држави заради ширењето на коронавирусот. Во моментов над 123.000 луѓе се болни, се повеќе и повеќе умираат, а економијата се подготвува за слободен пад.

Но, и покрај болните, американскиот претседател Доналд Трамп има за цел прво да ја спаси економската состојба. Ова предизвика насилни реакции и критики во земјата.

Еден од погласните критичари е Џеј Ар Смит, поранешен играч на Кливленд Кавалиерс. Тој на социјалните медиуми пишува против Трамп, откако американскиот претседател на Твитер објави медиумите да не пренесуваат погрешни или фабрикувани информации. Поранешниот шампион во НБА одговори: „Замолчи и направи нешто, е**н кловну!“

Трамп е навикнат на вакви критики, откако неодамна Џереми Лин, поранешен кошаркар во НБА, кој сега игра во Кина, го обвини за расизам за тоа што коронавирусот го нарекол „кинески вирус“.

Поврзани вести

Ларкин: Ќе играм за Турција, ама име не менувам

Обрадовиќ одби да го продолжи договорот со Фенербахче

Клоп: Мора да ја играме нашата најдобра игра против Ман Сити

Влатко Зорба

Барселона е подготвена да ослободи осум играчи во текот на летото

Последната објава на Инстаграм на Коби Брајант во чест на Леброн (фото)

Никола Поповски

Мегваер прогласен за виновен, доби условна казна затвор