СПОРТ

Поранешниот тренер на Арсенал, Емери може да го предводи Евертон

Поранешниот тренер на Арсенал, Унаи Емери може да го предводи Евертон. Претставниците на клубот од Ливерпул се сретнаа со шпански специјалист, пренесе „Скај спортс“.

Претходно, Евертон го отпушти Марк Силва од позицијата главен тренер.

По 15 кола, екипата за прв пат по 20 години се наоѓа во зоната за испаѓање во Премиер лигата.

Емери (48) го предводеше Арсенал од минатиот јули. Под негово водство, „топџиите“ го освоија петтото место минатата сезона во шампионатот на Англија, освојувајќи 70 бода, а исто така стигна и до финалето на Лигата на Европа, каде загуби од Челси.

Сепак, на крајот на ноември годинава, Емери беше разрешен од функцијата поради незадоволителни резултати.

Поврзани вести

Рио Фердинанд: Кој ги купува овие играчи во Манчестер јунајтед?

Никола Поповски

Михајлов си поднесе оставка

Maja_Serafimova

Мурињо го коментираше отсуството на Ндомбеле од вчерашниот натпревар со Брајтон

Maja_Serafimova

Леброн и другите НБА ѕвезди емотивно го доживеаја документарниот филм за Џордан

Stefanija Kuzmanovska

Саха откри интересни детали за Роналдо и Руд Нистелрој

Влатко Зорба

Барселона ќе може да потроши 75 милиони евра за аквизиции во зимскиот преоден рок

Maja_Serafimova