СПОРТ Фудбал

Премиер лигата нема да се врати до почетокот на мај

Раководството на Премиер лигата соопшти дека натпреварувањето нема да продолжи ниту во мај. На вонредниот состанок денеска, на кој беше разгледана актуелната состојба и прекинот на сите активности поради пандемијата на коронавирус, е заклучено дека здравјето на луѓето е приоритет, а фудбалските услови ќе продолжат што се добијат услови.
Поради прекинот на Премиер лигата, англиските фудбалски клубови бележат големи финансиски загуби, а како одговор на тоа се најавите за понуди на договори за играчите со 30 отсто помали плати.
Договорено е да се формира и фонд од 125 милиони фунти за помош на оние тимови кои подлабоко ќе западнат во криза.
Коронавирусот се појави кон крајот на минатата година во кинескиот град Вухан, а Светската здравствена организација прогласи глобална пандемија на коронавирус на 11 март оваа година.

Поврзани вести

Турција пред казна: УЕФА ја разгледува опцијата финалето на ЛШ да не се игра во Истанбул

Maja_Serafimova

Курзава пред потпис со Арсенал

Вајлдер: Би го нокаутирал Тајсон од времето кога беше најдобар

Никола Поповски

На мечот меѓу Федерер и Надал во Јужна Африка присуствувале рекордни 51.954 гледачи

Александар Петровски

Гвардиола: Јас не сум главната сила која ги привлекува играчите во Сити

Ангеловски го повика Даниел Аврамовски од Вардар, во репрезентацијата се враќа и Ѓорѓев