СПОРТ Фудбал

Премиерлига: Ако сезоната 2019/20 не заврши, ќе изгубиме милијарда фунти

Извршниот директор на Премиер лигата, Ричард Мастерс, кажа какви загуби може да претрпи лигата ако сезоната 2019/20 не се доигра.

– Ги губиме приходите на невидено ниво, како и повеќето од економијата во Велика Британија. Ако не ја завршиме сезоната-2019/20, тогаш се соочуваме со загуба од една милијарда фунти, и ако продолжи ситуацијата со пандемијата на коронавирус, тогаш следуваат и други загуби. Ова негативно ќе влијае не само на финансиската состојба на 20 клубови во лигата, туку ќе влијае негативно и на професионалниот сегмент како целина, изјави Мастерс.

Првенствата во Европа се прекинати поради пандемијата на коронавирус.

 

Поврзани вести

Иванишевиќ: Бекхендот на Новак е како сликањето на Пикасо, вистинско совршенство

Женската ракометна репрезентација убедлива против младите Турчинки

Влатко Зорба

Матип го продолжи договорот со Ливерпул до 2024 година

user5

Барселона синоќа забележа победа над Атлетико

Maja_Serafimova

Стоилов: Кјелце се наш голем ривал и сите сакаме да победиме

Влатко Зорба

Барса до Видал: Остануваш!

Влатко Зорба