СПОРТ Фудбал

Претседателот на Барса: Немаме никакви приходи, но засега исклучуваме банкрот

Претседателот на Барселона, Пеп Марија Бартомеу, ја коментираше тешката состојба во која се наоѓаше шпанскиот гигант. Последиците од пандемијата нема да ги заобиколат ниту Каталонците. Паузата во сите првенства ги стави и големите клубови во деликатна позиција бидејќи нивните трошоци продолжуваат да се зголемуваат, но нема приходи.

Ситуацијата е комплицирана, тоа е вистината. Немаме приходи од 14 март, но нема да банкротираме во јуни. Ако дотогаш ништо не се промени, навистина има големи загуби. Треба да се вратиме во нормален ритам, затоа правиме измени. Затоа ги намаливме платите на играчите за 70 отсто. Треба да го направиме овој чекор и со другите вработени во клубот. Играчите во моментов ги жртвуваат своите плати за да можат другите вработени во Барселона да добијат целосна плата додека кризата заврши. Заштедени се 16 милиони евра, што е 5,75% од годишните плати на играчите, рече Бартомеу за радио Каталонија..

Тој вели дека се надева дека оваа ситуација нема да трае повеќе од 60 дена.

– Ова се очајнички акции, како што ги гледаме во другите големи европски клубови. Слични мерки има во Баерн Минхен, Јувентус, Лион… заврши Бартомеу.

Поврзани вести

Како причина за поразот Брестовац не гледа вина во одбраната, туку во нападот

Нејмар демантира: Не го прекршив карантинот (фото)

Идеалниот тим на Мурињо со играчи кои ги тренирал

Италијанското првенство ќе има коло кое ќе трае три недели

Viktor Jovanov

Ангеловски го повика Даниел Аврамовски од Вардар, во репрезентацијата се враќа и Ѓорѓев

Серија А и Серија Б: Платите на играчите ќе бидат замрзнати додека трае суспензијата