Кошарка СПОРТ

Приоритет на Евролигата е да ја заврши сезоната

Акционерите во Евролигата сакаат сезоната да заврши, но исто така признаваат дека за да се случи ова, натпреварите најверојатно ќе се одржат по мај, со промена во форматот на турнирот. Очигледно, во овој момент на време не постои начин да се обнови сезоната на 11 април, како што првично најавуваше Евролигата.

Четиричасовната конференција не даде точни датуми за кога сезоната може да се продолжи, но потврдена е и волјата таа да не биде откажана.

– Турнирите ќе бидат продолжени кога ситуацијата ќе овозможи оптимални услови за здравје и безбедност на сите учесници, по препораките на релевантните здравствени органи и локалните власти. Приоритет е сезоната на Евролигата 2019/20 да заврши со постојниот формат, што значи доигрување на преостанатите натпревари од редовната сезона, плеј-офот и Ф4. Ова најверојатно значи дека сезоната ќе заврши по првично закажаните мајски датуми, а фреквенцијата на дуелите, доколку е потребно, ќе биде скратена. Истиот приоритет се однесува на Еврокупот, се вели во заклучоците од средбата.

Поврзани вести

Првиот заразен НБА играч се огласи: „Нема изговор за моето однесување, им се извинувам на сите што можеби ги загрозив“

Натпреварот на младата репрезентација против Фарски Острови е одложен за јуни 2020 година

Сари: Стравувавме да не ни се падне Реал Мадрид

Орландо ги изненади „Езерџиите“

Никола Поповски

Рајола: Навивачите на Милан треба да ми се извинат

Никола Поповски

Ако сака да биде најдобар во светот, Нејмар мора да се врати во Шпанија, вели Емери

Никола Поповски