Кошарка СПОРТ

Радуловиќ и Морнар официјално не се кошаркари на МЗТ Скопје Аеродром

Србинот Бојан Радуловиќ и Хрватот Марин Морнар од денеска и официјално не се кошаркари на МЗТ Скопје Аеродром.

– Нивното заминување е во контекст на неодамна најавените промени во ростерот на тимот во пресрет на решавачкиот дел од сезоната во двете домашни натпреварувања и АБА2-лигата. Морнар одигра 18 натпревари во регионалното натпреварување со просек од 5,1 поени и 2,7 кока, додека Радуловиќ настапи на 11 средби со просек од 2,5 поени и 2,8 скока.

Нивните места во составот веќе ги пополнија турскиот интернационалец Рагип Атар и Американецот Феми Олуџоби, соопштија аеродромци на официјалниот клупска веб-страница.

МЗТ Скопје Аеродром на двајцата веќе поранешни кошаркари им посакува сѐ најдобро во продолжение од кариерите.

Поврзани вести

Лампард: Никогаш нема да ме видите на клупата како тренер на Тотенхем

Влатко Зорба

Лампард посакува Вилијан да се согласи на продолжување на соработката

Maja_Serafimova

Јуве и Лацио на 22 декември во Ријад за титулата во Суперкупот

Марсеј синоќа на домашен терен го совлада Стразбур

Maja_Serafimova

Пиоли: Ибрахимовиќ ќе стори се на теренот

Никола Поповски

Алонсо на четвртото место во првата фаза од релито во Саудиска Арабија