СПОРТ Фудбал

Ракитиќ: Меси е најдобар на сите времиња, но би сакал да заиграм и со Кристијано

Иван Ракитиќ повеќе не е недопирлив во средниот ред на Барселона како што беше случај пред ангажманот на Френки де Јонг од Ајакс. Го напаѓа и возраста, па не е чудо што последните преодни рокови се поврзува со трансфер во Јувентус.

На таа тема, Ракитиќ говореше во интервјуто за американски „Бличер Рипорт“  и уште еднаш ги подгреа гласините за негова можна преселба на Апенините на лето.

„Миралем Пјаниќ, според мене, е еден од најпотценетите фудбалери на светот. Неодамна и Жозе Мурињо говореше за мене во тој контекст, но и Пјаниќ е во таа конкуренција“, истакна меѓу другото Ракитиќ.

Тој веќе неколку сезони игра со Лионел Меси, но сега тврди дека би сакал да заигра и со најголемиот индивидуален ривал на Аргентинецот, Кристијано Роналдо.

„Меси е еден од најдобрите играчи на сите времиња и привилегија е да се биде со него во тим. Но, би сакал да заиграм и со Кристијано Роналдо, кој, исто така, е еден од најголемите имиња во историјата на фудбалската игра. Уживање е да се гледаат неговите настапи. И сами може да видите колку е важен за Јувентус“, рече хрватскиот репрезентативец.

Поврзани вести

Гвардиола и Клоп се вметнати во Салата на славните во англиската лига

Влатко Зорба

Се жали на повреда и ќе остане во Шпанија: Уругвај без Луис Суарез во пријателскиот двомеч со Перу

user5

Бекам му нуди двојно поголема плата на Модриќ за да се пресели во Интер Мајами

Хесе се враќа во ПСЖ

Влатко Зорба

Пиоли: Ибрахимовиќ ќе стори се на теренот

Никола Поповски

Седум клубови се против продолжување на Серија „А“

Влатко Зорба