СПОРТ Фудбал

Ракитиќ пешки од аеродромот во Барселона си замина дома

Хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ се врати од Кардиф во Барселона по квалификацискиот дуел меѓу Хрватска и Велс.

По слетувањето на аеродромот, фудбалерот на Барселона наиде на проблеми бидејќи демонстранти го блокирале аеродромот, па морал пешки да тргне кон својот дом.

Демонстрантите незадоволни од пресудите за каталонските официјални претставници одлучиле да го блокираат локалниот аеродром Ел Прат каде претходно во текот на денот дури морала да интервенира и полицијата. Во прекин биле метрото и железничкиот сообраќај. Пред аеродромот имало поставени автомобили.

Поради сето ова Ракитиќ морал пешки со големиот куфер да тргне кон дома, во друштво на останатите патници кои слетале во Барселона. Според шпанските медиуми Ракитиќ сепак успеал да фати такси.

Поврзани вести

Мурињо: Верувам дека можеме да го поминеме Лајпциг

Вајлдер: Би го нокаутирал Тајсон од времето кога беше најдобар

Никола Поповски

Манасков: Немавме решение, не бевме подготвени за таа одбрана што ја одиграа Австријците

Бројката на заразени од турнирот во Задар расте: Уште еден тенисер позитивен

УЕФА ќе побара 300 милиони евра од клубовите за одложување на ЕП 2020

Влатко Зорба

Заминува ли од Арсенал? Озил ја продава својата куќа во Лондон

Влатко Зорба