Ракомет

Еурофарм Работник го надигра европскиот вицепрвак Веспрем

Битолски Еурофарм Работник го изненади унгарскиот гигант Веспрем со 26:24 (14:8) во дербито на групата Б од регионалната СЕХА лига во ракомет.

Голманот Митревски во првото полувреме имаше 10 одбрани, па тој беше најзаслужен што европскиот вицепервак даде само 8 гола во првите 30 минути. Веспрем во првите 18-19 минути од второто полувреме успеа да ја стопи негативата и изедначи на 19:19, но тогаш македонскиот тим даде три гола по ред, и направи предност која успеа да ја задржи до крај.

Јотиќ со 8 и Стјепановиќ со 5 гола беа најефикасни, а Митревски имаше 12 одбрани. Македонецот Манасков даде три гола за унгарскиот тим. Сега Еурофарм Работник е прв во групата Б со 9 бода од три меча.

Поврзани вести

Шпанија ќе ја брани европската титула против Хрватска

Почнува Европското првенство за ракометари

Ф4 турнирот во СЕХА лигата ќе се игра во Задар

Кастратовиќ останува тренер на Металург

Дисингер: Добар дел од играчите во Вардар речиси шест месеци немаат земено плата

Кога ќе збесне Вујовиќ (ВИДЕО)