Ракомет

Подмладената ракометна репрезентација подобра од Грузија

Македонската ракометна репрезентација, и со подмладен состав, ја совлада Грузија со 25:21 во првиот од двата дуела во рамките на ЕХФ неделата. Првото полувреме заврши со 12:12, откако нашиот национален тим доминираше во воведните минути, но голманот Шота Тивзадзе беше одличен и придонесе гостите да ја стопат негативата и да фатат резултатски приклучок.

Во второто полувреме, нашиот тим играше колку што беше потребно за да триумфира без поголеми проблеми.

Капитенот Кирил Лазаров не играше воопшто, Манасков и Талески имаа лимитирана минутажа, па селекторот Данило Брестовац им даде шанса на младите, со тоа што на голот беше искусниот Борко Ристовски. Велковски, Поповски и Пешевски со по 4 гола, беа најефикасни. Утре од 16 часот во спортскиот центар „Борис Трајковски“ се игра вториот дуел од овој двомеч.

Поврзани вести

Еурофарм Работник го надигра европскиот вицепрвак Веспрем

Влатко Зорба

Тестовите на вардарци се негативни, само Стоилов во изолација

Никола Поповски

Објавен конечниот список со ракометари за ЕП 2020

Никола Поповски

Митревски во идеалниот тим на СЕХА лигата за месец октомври

Влатко Зорба

Се повреди Криштопанс, Вардар подобар од Војводина

Хрватска ги среди Австријците и направи исчекор кон полуфиналето на ЕП