СПОРТ Фудбал

Раниери предложи пет замени по натпревар

Тренерот на Сампдорија, Клаудио Раниери, даде предлог да се зголеми бројот на замени во сезоната прекината поради пандемијата на коронавирус. Претходно, Италијанската фудбалска федерација соопшти дека очекува да го заврши шампионатот.

– За мене, оваа сезона е невалидна затоа што нема сеопфатно почитување на правилата. Јас разбирам дека треба да играме, но сè ќе биде решено на теренот. Ако одиме да играме три пати неделно, тогаш треба да воведеме промени во фудбалските правила и да дозволиме пет замени, изјави Раниери за „Фудбал Италија“.

Сампдорија се наоѓа во долниот дел на табелата, на 16.место, со само еден бод повеќе од зоната на испаѓање.

Поврзани вести

Солскјер по победата над Челзи: Ова е вистинскиот Манчестер Јунајтед

Maja_Serafimova

Состојба пред разделба: Манџукиќ повеќе не тренира со Јувентус

user5

МЗТ загуби на гостувањето во Сплит

Шумахер: Подготвен сум за Формула 1

Европската титула со Португалија во 2016 година за Роналдо е најважниот трофеј во неговата кариера

Maja_Serafimova

Нов четиригодишен мандат за Димовски на чело на Боксерската федерација на Македонија

Александар Петровски