СПОРТ Фудбал

Разделбата помеѓу Баерн и Алаба и официјално во следниве денови

Иднината на Давид Алаба ќе биде разјаснета наскоро, увери спортскиот директор на Баерн Минхен Хасан Салихамиџиќ.

Австриецот има договор до 30 јуни 2021 година и во моментов не може да постигне консензус со управата за повторно потпишување.

Според медиумите во Германија, Баерн нема намера да понуди подобри услови од оние што веќе ги стави на маса. Алаба нема намера да отстапи.

Така, многу веројатно е дека дефанзивецот ќе ја заврши сезоната во клубот, каде што се проби во големиот фудбал, и следната година ќе замине како слободен агент.

За него постои силен интерес од Барселона и Реал Мадрид, а Каталонците се посочени за цел бр.1 пред Алаба, доколку тој сепак ја напушти Бундеслигата.

Поврзани вести

Барселона во Пјатек гледа замена на Суарез

user5

ЛШ: Сити со прва победа над Реал, Јувентус поразен од Лион

Никола Поповски

Томас Бах: Олимпијадата не се одложува лесно

ПСЖ сака да го добие Мертенс бесплатно

Тони Надал: Роџер и Рафа се двајцата најдобри тенисери на сите времиња

Никола Поповски

Легенда на Ливерпул: Добро е што го нема Алекс Фергусон

Влатко Зорба