СПОРТ Фудбал

Реал за Иско бара отштета од 70 милиони евра

Реал Мадрид одлучи да го продаде фудбалерот од средниот ред Иско, а позната е и сумата за која овој фудбалер може да си замине.

Реал за Иско бара отштета од 70 милиони евра. Тренерот Зинедин Зидан нема доверба во Иско, тој не му се вклопува во концепцијата, и сака да се ослободи од него.

Веројатно Иско нема да има проблем да си најде нов клуб. Интерес за него има од англиските Манчестер јунајтед, Арсенал и Манчестер сити, како и од италијанскиот првак Јувентус, но во Јуве не би платиле 70 милиони, па затоа пореално е во јануари Иско да замине во Премиерлигата, отколку во Серија А. 

Поврзани вести

Италија повтори рекорд стар 80 години

Влатко Зорба

Џеко потпишува за Јувентус

Влатко Зорба

Гвардиола е свесен колку е тешко Сити да го замени Агуеро

Maja_Serafimova

Канаваро со добри вести од Кина: За мене карантинот заврши!

Влатко Зорба

Легендарен фудбалер на Кардиф почина на 35 години

Барселона со нови мерки за справување со пандемијата

Stefanija Kuzmanovska