СПОРТ Фудбал

Реина ги спореди симптомите на коронавирус со удар на камион

Шпанскиот голман Пепе Реина, како што самиот призна, имал симптоми на коронавирус, а во разговор за радио „Кадена Сер“ и ги опиша какви биле.
-Ги имав сите симптоми – сува кашлица, температура и отежнато дишење. Се чувствував како да ме удрил камион, рече Реина.
Шпанецот кој е на позајмица од Милан во Астин Вила истакна дека постапил одговорно во ситуацијата и ги презел сите мерки на самоизолација.
-Бев одвоен од семејството, се изолирав во целост. Сега се чувствувам подобро, но тоа искуство беше навистина тешко. Не ми е важно кога ќе продолжи да се игра фудбал. Ова е тешко време и ние фудбвалерите немаме право да се жалиме. Ги имаме сите услови да останеме дома, а вистински херои се оние кои живеат во 70 квадрати со три деца и се соочуваат со финансиски проблеми“, додаде Реина.

Поврзани вести

Трамп и Макрон на иста линија: СЗО треба да се реформира

Влатко Зорба

Бјелица со тројка ги реши „ракетите“ (ВИДЕО)

Со 54 постигнати гола Левандовски е најдобар стрелец во 2019 година

Ливерпул и Манчестер сити забележаа победи со резултатски пресврт

Влатко Зорба

С.Македонија нема да биде домаќин доколку се пласира во финалето од Лигата на нациите

Влатко Зорба

Де Бруин прогласен за најдобар во Премиер лигата

Влатко Зорба