СПОРТ Фудбал

Робињо остана без договор со Сантос поради силување во Италија

Бразилскиот фудбалер Робињо беше дел од клубот Сантос само шест дена.

Некогаш големата надеж на светскиот фудбал по третпат се врати во овој клуб и потпиша договор со месечна плата од само 230 евра.

Сепак, помина помалку од една недела, а Робињо мора да го напушти овој тим.

Причината се спонзорите, кои ѝ порачале на управата на Сантос дека ќе ги откажат инвестициите доколку Робињо остане во клубот.

Имено, нив им пречи тоа што Робињо е осуден за силување на Албанка во 2013 година, и тие не сакаат да имаат никаква врска со него.

Бразилецот е осуден на девет години затвор, а жалбената постапка сè уште трае.

Во својата кариера Робињо настапувал за многу клубови, вклучувајќи ги Реал Мадрид, Манчестер Сити и Милан.

Поврзани вести

Зидан загрижен за Азар пред судирите со Сити и Барселона

Влатко Зорба

Олимпискиот оган денеска ќе им биде предаден на организаторите на „Токио 2020“

Навивач на Федерер го провоцираше Ѓоковиќ за време на меч (ВИДЕО)

Александар Петровски

ИОК се закани дека ќе го суспендира Олимпискиот комитет на Северна Македонија доколку не го пронени законот за спорт

Maja_Serafimova

Надал: Ѓоковиќ ќе мора да се вакцинира

Stefanija Kuzmanovska

Барса му нуди на Фати еден милион годишно, тој бара 10

Александар Петровски