СПОРТ Фудбал

Роналдо ја слави титулата и на Инстаграм откри каде ќе игра следната сезона

Случајно или не, Кристијано Роналдо преку Инстаграм откри дека ќе го носи дресот на Јувентус и следната сезона, со кој досега има освоено две титули во италијанската Серија А!

За Роналдо се споменуваше дека веќе е виден во Њукасл со новите шеици, сè додека тие не се откажаа од купувањето. Потоа и дека тој ќе се врати во Реал или ќе замине во ПСЖ, но последната изјава на Инстаграм јасно стави до знаење дека тој ќе остане црно-бел.

– Среќен сум што ги освоив последните две од деветте последователни титули на Јувентус. Се чинеше лесно, но не беше. Од година во година, со талент, посветеност и напорна работа, можете да ги постигнете своите цели и да бидете подобри од порано. Одиме на моето трето Скудето – рече Португалецот.

Роналдо ја заврши сезоната со 31 погодок, но тој не е најдобриот стрелец во Серија А, со оглед дека Чиро Имобиле од Лацио ја освои Златната копачка.

Поврзани вести

Барселона тргнува по Бернардо Силва

Влатко Зорба

Тренерот на Борусија: Чудно е да се игра вака – постигнуваш гол и ништо

Легендарниот Фергусон остро се спротивстави на создавање на европска Суперлига

Зидан ќе биде следниот селектор на Франција

Разочарување во Јунајтед по разговор со Тијаго

Stefanija Kuzmanovska

Брутална навивачка тепачка пред дербито Црвена звезда-Партизан (ВИДЕО)

Александар Петровски