СПОРТ Фудбал

Роналдо плати 7,1 милиони евра за купување на најскапиот стан во Лисабон

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо, плати 7,1 милиони евра за купување на најскапиот стан во Лисабон. Ова е рекордна сума платена за еден недвижен имот во главниот град на Португалија.

Роналдо кој игра за Јувентус, а претходно беше во Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, не заборава од каде потекнува, па и станот има и поглед кон населбата во која тој живееше, кога беше многу сиромашен и почнуваше да тренира фудбал.

Раскошниот стан се наоѓа на најгорниот кат на една зграда, а меѓу другото има и спа центар, базен, сала за фитнес, и три големи спални соби. Поради ангажманот во Јуве, Роналдо сега живее во Торино, а по завршувањето на кариерата можеби ќе живее во Лисабон.

Поврзани вести

УЕФА не толерира мешање на политиката во спортот, се закани на Косово

Maja_Serafimova

Еспирито Санто го продолжи договорот со „волците“

Влатко Зорба

Икарди го избира Наполи?

Рекордна посетеност на шоуто на Федерер и Зверев во Мексико

Влатко Зорба

Кулибали се договори со Сити, се чека на Наполи

Влатко Зорба

Италијанските тимови сè уште немаат право да продолжат со тренинзите