СПОРТ Фудбал

Роналдо пред кам-бек во Манчестер?

Кристијано Роналдо во летниот преоден рок би можел да замине во ПСЖ или да се врати во Манчестер јунајтед, јавуваат италијанските медиуми. Според нив, Јувентус наводно бил подготвен да го „жртвува“ Португалецот во моменти на финансиска криза поради коронавирусот.

Засега најзаинтересирани се од ПСЖ, особено ако на лето дојде до разделба со Бразилецот Нејмар кого го купи од Барселона за 222 милиона евра. Како втора можна дестинација за Роналдо што ја најавуваат италијанските медиуми е Манчестер јунајтед чиј дрес го носеше од 2003 година до 2009 година.

Јувентус би се разделил од Роналдо за 70 милиони евра, пред се поради годишната плата од 31 милион евра што претставува голем товар за италијанскиот фудбалски шампион, се наведува во извештаите

Поврзани вести

С.Македонија поразена во Виена во квалификациите за ЕП 2020

Влатко Зорба

Ибрахимовиќ официјално фудбалер на Милан

Maja_Serafimova

Евертон заинтересиран за играчот на Гремио, Евертон

Никола Поповски

ФК Сеул казнет со 80 000 долари поради секс кукли на трибини

Stefanija Kuzmanovska

Барселона му дозволи на Артур да преговара со Јувентус

Илија Ивиќ е првиот српски фудбалер кој ќе игра за репрезентација на Косово