СПОРТ Фудбал

Роналдо: Сакав да останам во Барса, но не ме почитуваа

Бразилецот зборуваше за тоа како пристигнал во Интер.

Бразилецот Роналдо во своите славни денови урна многу светски фудбалски рекорди. Тој беше член на националниот тим кој стана светски шампион во 1994 година, беше најдобриот играч на планетата на едвај 20 години, а во летото 1997 година ја напушти Барселона.

Роналдо беше брилијантен претходната сезона и веројатно беше најдобриот фудбалер на планетата. Постигна 47 погодоци во дресот на каталонскиот клуб и ја освои три титули во куповите – Кралскиот Куп, Суперкупот на Шпанија и Купот на победниците во Купот.

Сепак, и покрај сите негови успеси, тој одеднаш ја напушти Барселона и се пресели во Интер. Кога го стори тоа имаше 21 година и во трансфер вреден 27.000.000 американски долари стана најскапиот платен фудбалер на сите времиња.

“На крајот на таа сезона, потпишав нов договор со Барселона и веднаш отидов со националниот тим. Пет дена подоцна, ме повикаа од клубот и ми рекоа дека сепак не можат да го почитуваат новиот договор. Сакав да останам, но работите не беа во мои раце затоа што очигледно клубот не ме почитуваше и не ме ценеше.“, објасни Роналдо.

Тој, исто така, стана најдобриот светски фудбалер, додека го носеше дресот на Интер, а по освојувањето на Светското првенство во 2002 година, реши да замине во Реал Мадрид.

Таму се приклучи на првата постава на познатите„галактикос“, во кој беа вклучени и Зинедин Зидан, Луис Фиго, Дејвид Бекам …

“Роберто Карлос постојано ми кажуваше за Мадрид, големината на Реал Мадрид. Подоцна сакав да се уверам во тоа. Дојдов во Реал и клубот ми стана уште поголем отколку што ми го претстави Карлос. Одлично искуство, голем притисок, најдобри соиграчи. Започнавме нова ера “, додаде Роналдо.

Поврзани вести

Меси урива рекорди во ЛШ

Одриозола до крајот на сезоната на позајмица во Баерн

Се врати фудбалот во Франција: ПСЖ го освои Купот, но дали го загуби Мбапе на подолго време?

Рамос: Горам од желба да ја завршам сезоната со титула

Федерер ја заврши сезоната заради неочекувана операција, дали ова е крај на кариерата?

Ново големо изненадување во Премиер лигата: Ливерпул изгуби со 7:2 на „Вила Парк“

Влатко Зорба