СПОРТ Фудбал

Роналдо со гол од пенал во последната минута го спаси Јуве од пораз на Сан Сиро (ВИДЕО)

Фудбалерите на Милан и Јувентус одиграа нерешено 1-1 во првиот полуфинален натпревар од Купот на Италија.

На Сан Сиро, „росонерите“ поведоа со погодокот на Анте Ребиќ во 61. минута, а Кристијано Роналдо се погрижи Милан да не оди со предност пред реваншот во Торино.

Роналдо прецизно го изведе пеналот во 91. минута, откако судијата по прегледување на ВАР покажа на белата точка заради играње со рака на Калабрија.

Реваншот се игра во Торино на 4 март.

 

 

Поврзани вести

Велко Марковски нема да настапи на ЕП 2020

Никола Поповски

Ериксен пристигна на медицински прегледи во Милано (видео)

Никола Поповски

Јунајтед донесе поранешен напаѓач на Ватфорд

Никола Поповски

МЗТ по голема драма и две продолженија ја сруши Рогашка

Ливерпул со минимална победа над Норич

Влатко Зорба

Тајсон Фјури веќе нема да работи со тренерот Бен Дејвисон

Maja_Serafimova