СПОРТ Фудбал

Роналдо стана првиот играч на „Старата дама“ од 2005 кој постигна гол на 7 последователни натпревари

Кристијано Роналдо, творецот на победата (2:1) на Јувентус на синоќешниот дуел со Парма, е првиот играч на „Старата дама“ од 2005  година наваму, кој постигнал гол на седум натпревари во низа.

За 34-годишниот Португалец, првиот од двата гола против Парма беше 10-ти на последните седум средби во италијанскиот шампионат.

Пред Роналдо, со реализација на седум средби по ред се истакна Давид Трезеге.

Вкупно досега, Роналдо има постигнато 15 голови во првенството и е на второто место на списокот на стрелци зад напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле кој има дадено 23 гола.

Поврзани вести

Ван Гал: Морав да преживеам 6 месеци со јаже околу вратот во Јунајтед

Не игра ни Ѓоковиќ: Сите спортски натпревари во САД се прекинати

Никола Поповски

Вистинска закана? Погба го активира „параграф 17“, цената ќе падне!

Stefanija Kuzmanovska

Уште еден Германец на Стемфорд Бриџ: Трансфер вреден 89 милиони фунти

Никола Поповски

ФИФА ќе издвои 16 милиони долари за да им помогне на играчите кои не добиле плата од своите клубови

Арсенал го враќа Ремзи?