СПОРТ Фудбал

Саул пред првиот осминафинале натпревар од ЛШ: После Божиќ паднавме во форма, секогаш сме играле најсилно против најдобрите

Расплетот во Лигата на шампионите започнува вечерва со првиот натпревар од осмина-финалето , а пред дуелот Метрополитен во Мадрид,  Саул им кажува на своите противници од Ливерпул:

„Од спомени не се живее во фудбалот. Она што беше вчера не е во употреба денес“, изјави пуленот на Диего Симеоне.

Овие зборови на 25-годишниот играч од средниот ред се однесуваат и на лошата форма на неговиот тим во текот на минатиот месец.

„Бевме во добар ритам пред Божиќ, а потоа паднавме. Навивачите сакаа да нè линчуваат. Тие го свиркаа Симеоне, како и најважните играчи. Ако победиме на два или три натпревари, сè ќе се сврти. Знаеме како можеме да го повредиме Ливерпул, кои се нивните добри и лоши страни. Ние секогаш сме играле најсилно против најдобрите. Ќе биде неверојатна атмосфера“, рече Саул.

Јирген Клоп знае дека Жоао Феникс ќе биде најголемата закана, но црвените имаат лек за младиот Португалец.

„Тој е комбинација од многу убави работи. Некои од моите соработници, Пеп Лендерс и Витор Матош, работеа со него кога играше за Порто како дете, па затоа ќе ги прашам за совет”, изјави тренерот на Ливерпул.

Поврзани вести

Пет Рајли: Фала му на Бога што Батлер е со нас

Официјално: Куман на чело на Барселона

Влатко Зорба

Ракитиќ: Јас не сум вреќа со компири, сам ќе одлучам каде да ја продолжам кариерата

ФИФА во контакт со ВАДА околу суспензијата на Русија од Мундијалот во 2022 година

Фудбалот во Швајцарија добива „зелено светло“, но без публика

Stefanija Kuzmanovska

Како брз воз: Халанд истрча 60 метри за помалку од 7 секунди (видео)

Никола Поповски