СПОРТ Фудбал

Сејдини: Не очекуваат најмалку 180. минути до историски успех и остварување на сонот на многу генерации

Една година откако е на чело на Фудбалската федерација на Македонија, претседателот Муамед Сејдини зборува за главниот фокус во работата на федерацијата, особено осврнувајќи се на националниот тим и крупните инфраструктурни проекти.

Одговарајќи на прашање од интервјуто за локалната телевизија „Гурра“ од неговиот роден град, Кичево, Сејдини истакна дека успехот на првиот човек во „Куќа на фудбалот“ посебно се вреднува со резултатите на националните селекции.

  • Не можам, а да не бидам задоволен со тоа што го постигна нашата А селекција. Во квалификациите за ЕП го освоивме третото место, наш најдобар пласман досега, а преку Лига на Нации ја бараме шансата за место на Европското првенство. Не очекуваат најмалку 180. минути до историски успех и остварување на сонот на многу генерации. Се разбира за да се оствари тоа треба најпрвин да го совладаме Косово, а потоа да се фокусираме на одлучувачкиот меч. Оптимист сум дека ќе успееме да ја оствариме целта, вели Сејдини.

Претседателот на ФФМ, одговори и за квалитетот на нашиот домашен, клупски фудбал, потенцирајќи дека влегувањето на силни спонзори во нашата лига го зголемува квалитетот, а тоа се докажа со Вардар и Шкендија кои во последните години имаа значителен успех во нивните европски настапи.

  • Инфраструктурата игра голема улога во фудбалот, особено за помладите категории.
    ФФМ не гради стадиони, туку помага во реализација на крупни проекти.
    Ние сме работеле на неколку проекти кои се реализирани и се уште работиме на подобрување на условите на неколку стадиони. Како што знаете во тек се инфраструктурни работи на стадионот во Битола, Охрид и во Чаир.

Запрашан за стадионот во Тетово зошто не се работи на подобрување на условите, во смисла да ги исполнува критериумите за меѓународни натпревари, Сејдини рече дека одговорот треба да го побараме во општина Тетово, бидејќи делот од договорот што како обврска го имаше Фудбалската федерација на Македонија одамна е завршен.

Поврзани вести

Хјустон извојува победа против Торонто

Maja_Serafimova

Куман нареди: Видал и Суарез тренираат одвоено од тимот

Влатко Зорба

Суарез по ремито со Еспањол: Треба да се извлече поука од оваа средба

Влатко Зорба

Навивачи на стадионите во Англија најрано на почетокот на следната сезона

Почетино по победата над Црвена звезда: Продолжуваме да ги решаваме нашите проблеми

Влатко Зорба

Челси и Манчестер Јунајтед влегуваат во битка за Јан Облак