СПОРТ Фудбал

Серхио Рамос застана во одбрана на судијата од дербито со Барселона

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос застана во одбрана на судијата Хуан Мартинез, кој беше обвинет затоа што досуди пенал во корист на „кралевите“ во победата од 3:1 над Барселона во „Ел Класико“.

Токму Рамос го изведе пеналот досуден за прекршокот на Клеман Ленгле против него.

– Мислам дека сè е јасно за пеналот. Ленгле ме задржа и ме спречи да скокнам. Критиките кон судијата се нефер. На 2:1 решивме да не го чуваме резултатот, туку да ја искористиме состојбата на противникот за да постигнеме повеќе голови. Покажавме сплотеност. Критиките не ни штетат. Продолжуваме по нашиот пат, рече Рамос по мечот.

Поврзани вести

Коментаторот на МРТВ ги разбуди и регионалните медиуми (ФОТО)

Семедо на излезна врата од Барселона, Депај главна мета на каталонскиот клуб

Александар Петровски

Европскиот шампион Ливерпул елиминиран од Лигата на шампионите

Влатко Зорба

Сашо Филиповски е нов тренер на Партизан

Никола Поповски

Официјално: „Ел Класико“ ќе се одигра на 18 декември

Maja_Serafimova

Брестовац: Младите во вакви моменти мора малку повеќе да повлечат

Никола Поповски