СПОРТ Фудбал

Серија А: Суспендиран е шампионатот поради коронавирусот

Сите спортски настани во Италија се одложени до 3 април, а причина за таквата одлука на тамошните власти е коронавирусот, кој се шири од сите страни на Апенините.

Досега дел од средбите се играа пред празни трибини, а сега владата на чело со премиерлот, Џузепе Конте донесе конечна одлука натпреварувањата да бидат прекинати најмалку до 3. април.

Во Италија владее вистинска криза поради коронавирусот, па токму затоа овој чекор на владата изгледа сосема логично.

Сепак, денеска попладне, италијанскиот олимписки комитет имаше состанок на кој се донесе одлука да бидат одложени сите домашни спортски настани,  што значи дека натпреварите во Лигата на шампионите и Лигата на Европа ќе се одржат.

Поврзани вести

Стојановски: Говорот по победата на Македонија нема никаква политичка позадина

Берта Китинска

Алиоски ја спаси Македонија од пораз против Грузија

Влатко Зорба

Боатенг и Горецка се степаа на тренинг

По голема борба, Тим го среди Ѓоковиќ и се пласира во полуфиналето во Лондон

Барса треба да продаде играчи за 124 милиони евра

Влатко Зорба

Мерцедес покажа елементи од новиот болид