Кошарка СПОРТ

Шести трипл-дабл сеонава на Вестбрук за триумф на Хјустон над Феникс (ВИДЕО)

Хјустон забележа победа во „Тојота Центар“ против Феникс со 115:109.

„Ракетите“ го предводеше Расел Вестбрук, со шестиот „трипл-дабл“ за сезонава – 24 поени, 14 скокови и 11 асистенции, со три украдени топки и две блокади.

Тој со вкупно 7.037 асистенции во кариерата го надмина Тони Паркер на вечната листа на 18-тото место.

Уште еден одличен натпревар одигра Џејмс Харден – 34 поени, додека Бен Меклемор го заврши натпреварот со 27 поени.

Домаќините на тој начин го запишаа својот четврти триумф на последните пет натпревари, вкупно 15-ти оваа сезона, додека Феникс е со скор 10-12.

Кај „сонцата“, Девин Букер беше најефикасен со 35 коша, Дарио Шариќ постигна „дабл-дабл“ – 13 поени, 12 скокови, исто како и Рики Рубио – 10 поени, 13 асистенции.

Резултати од НБА:

Далас – Њу Орлеанс 130: 84
Њујорк – Индијана 103: 104
Филаделфија – Кливленд 141: 94
Хјустон – Феникс 115: 109
Јута – Мемфис 126: 112

Пласман по дивизии:

Источна конференција:
Атлантик Дивизија: Бостон 16 победи / 5 порази, Торонто 15/6
Централна дивизија: Милвоки 20/3, Индијана 15/8
Југоисточна дивизија: Мајами 16/6, Орландо 11/11

Западна конференција:
Северозападна дивизија: Денвер 14/6, Јута 13/10
Пацифик дивизија: Л.А. Лејкерс 20/3, Л.А. Клиперс 16/7
Југозападна дивизија: Далас 16/6, Хјустон 15/7

Поврзани вести

Прва аудио-снимка од комуникацијата на пилотот на урнатиот хеликоптер со контролната кула (видео)

Никола Поповски

Карагер: Озил како најплатен играч треба да даде пример, тој јавно си постигна автогол

Леброн ќе одмора на мечот против Голден Стејт

Второ засилување за Арсенал во овој преоден рок (видео)

Никола Поповски

Јунајтед го договори Кулибали

Мејведер сака 600 милиони долари за борба против Хабиб