СПОРТ Фудбал

Шевченко има желба да биде тренер во Премиер лигата

Поранешниот напаѓач на Челзи, Андреј Шевченко, може да се врати во Премиер лигата како менаџер на еден од клубовите.

За време на својата кариера, Шевченко помина три сезони во Челзи, освојувајќи го ФА Купот и Лига Купот, а исто така стигна и до финалето во Лигата на шампионите.

Во моментов, Шевченко е селектор на Украина, но во блиска иднина планира да го направи следниот чекор. За ова раскажа Андреа Малдера, помошник на Шевченко.

– По работењето како тренер за националниот тим, тој сака да тренира клуб. Не е важно дали ќе биде од Серија „А“ или Премиер лигата. Тој е вреден и ме импресионира уште од самиот почеток. Шевченко научи многу од тренерите со кои работел. Карло Анчелоти беше вистински ментор за него. Тој е фокусиран на деталите додека се подготвува за натпреварите и го следи напредокот на играчите. Андреј и Масимилијано Алегри имаат иста способност да ја прочитаат играта и да ги предвидат настаните. Обајцата знаат кога да се вратат назад и да се бранат или да ги фрлат сите сили во напад. Шева е неверојатна фигура и неговите играчи многу му веруваат. Ова е фундаментално во модерниот фудбал, рече Малдера

Поврзани вести

Хакими прогласен за најдобриот млад африкански фудбалер за 2019 година

Влатко Зорба

Финалето на ЛШ на 15 август: Новата сезона започнува во октомври ?!

Влатко Зорба

Серија А и Серија Б: Платите на играчите ќе бидат замрзнати додека трае суспензијата

Крај на кошаркарската сезона во Првата лига без да се прогласи шампион

Рајола: Погба отсекогаш го почитувал Манчестер Јунајтед

Рашфорд не губи надеж: Можеме да стигнеме до Топ 4

Viktor Jovanov