СПОРТ Фудбал

Скандал во босанскиот фудбал: Имаат 18 фудбалери позитивни на Ковид-19, заразени морале да играат дерби натпревар!

Фудбалскиот клуб Широки Бријег објави на официјалните страници на социјалните мрежи дека дури 18 нивни играчи биле заразени со коронавирус.

Тоа само по себе е проблем, а е уште поголем кога се знае дека претходниот викенд  го одиграле дерби натпреварот против Сараево, кој го загубија со 0:2.

Широки побарал од Фудбалскиот сојуз на БиХ итно да го одложи натпреварот бидејќи коронавирусот влегол во тимот, но нивното барање беше одбиено.

Во тимот имало само 13 играчи, а подоцна се покажа дека дури шестмина од нив биле позитивни на Ковид-19.

„Заедно со оние 12 играчи кои почувствуваа симптоми и кои беа навремено изолирани, денешното тестирање потврди дека уште еден член на стручниот штаб и дури шестмина играчи на клубот, кои играа на дербито од 11-то коло во Премиер лигата на БиХ против ФК Сараево на „Кожево“, се позитивниза коронавирус “, се наведува во соопштението на Широки.

„Се плашевме од ваков епилог и не станува збор само за НК Широки Бријег, туку за сите нас. Прашање е на здравјето и заштита на животот, како на нашите играчи, така и на ривалите, судиите и сите други кои учествуваат во организирање на натпревари”, соопштиле од клубот, по што додале:

„НК Широки во моментов има само шест играчи од сениорскиот тим на располагање за тренинзите и натпреварите што следат. Ние официјално ќе бараме следните натпревари да се одложат, во надеж дека властите конечно ќе „прогледаат“ – во интерес на фудбалот и здравјето на играчите. Мораме сериозно да му пристапиме на овој проблем и да видиме каде не води сето ова. Денес е Широки, а утре можеби некој друг …“, стои во клупското соопштение.

Поврзани вести

Грузијците не можат да се помират: Против Македонија без еден од нивните најдобри фудбалери

Никола Поповски

Миротиќ позитивен на коронавирус

Третина од екипата на Валенсија заразена со коронавирус

Влатко Зорба

Вардар денес  отпатуваа за Брест на дуел од Лигата на шампионите

Влатко Зорба

Клубовите во Серија А може да загубат и до 700 милиони евра доколку не се одигра сезоната

Роналдо купил Bugatti за 8 милиони евра? (ФОТО)

Влатко Зорба