СПОРТ Фудбал

Снајдер се враќа на терените

Поранешниот холандски репрезентативец Весли Снајдер е подготвен да ги следи стапките на неговиот поранешен соиграч Арјен Робен и да ја продолжи кариерата. Снајдер доби понуда од Утрехт и сè уште ја разгледува.

Триесет и шест-годишниот играч од средниот ред се откажа од фудбалот во август 2019 година, неговиот последен клуб беше катарскиот Ал-Гарафа. Тој претходно играше за Ајакс, Реал Мадрид, Интер, Галатасарај и Ница.

Снајдер стана шампион на Холандија, Шпанија, Италија и Турција. Најсилни години му беа со тимот на Интер, со кој, покрај титулата, во 2009 година освои два национални купа, еден супер куп, Лигата на шампионите и Светското клупско првенство.

Тој има 134 натпревари и 30 голови за репрезентацијата на својата земја. Со „лалињата“ стигна до финалето на СП во 2010 и 2014 година.

Снајдер е роден во Утрехт, но никогаш не играше за тимот од родниот град.

Пред една недела, Арјен Робен, кој исто така се повлече во 2019 година, потпиша со Гронинген – клубот каде ја започна кариерата.

Поврзани вести

Повредениот Канте го пропушта дербито со Тотенхем

Солскјер ќе купува двајца нови во зима

Влатко Зорба

Модриќ го посочи Бензема како еден од најдобрите напаѓачи во светот

Дел од НБА екипите почнуваат со тренинзи во петок

Stefanija Kuzmanovska

Рома ќе ја спасува кариерата на Маријано Дијаз

Влатко Зорба

Ширер: Ако не ја завршите сезоната, не може да подарувате титули

Влатко Зорба