СПОРТ Фудбал

Според „Франс Фудбал“: Нејмар има далеку поголема плата од Мбапе

Проценетиот за најскапи фудбалер на светот во моментот – Килијан Мбапе има драматично помала плата од неговиот соиграч во Пари Сен Жермен – Нејмар.

Според „Франс Фудбал“, францускиот фудбалер заработува 21,2 милиони евра годишно, додека бразилскиот техничар собира 48,9 милиони евра.

Станува збор само за платите во францускиот клуб без вклучување на договори за рекламирање.

Приоритет на парижаните ова лето ќе биде да го задржат Мбапе со примамлива понуда за нов договор.

Иднината на Нејмар и ова лето ќе биде неизвесна и Барселона ќе направи обид за негово враќање.

Пред кризата со коронавирусот, Мбапе беше проценет на 200 милиони евра.

Поврзани вести

Кејн го пропушта ЕУРО 2020?

Никола Поповски

Ибрахимовиќ се двоуми – Милан или Манчестер?

Влатко Зорба

Изненадување: Погба патува со Манчестер Јунајтед при посетата на Вотфорд

Влатко Зорба

Динамо Загреб освои бод во Украина, Мората му донесе победа на Атлетико (ВИДЕО)

Maja_Serafimova

Постхумно признание: Брајант кандидат за кошаркарската Куќа на славни

Stefanija Kuzmanovska

ФФМ со допис до УЕФА побара одложување на натпреварот со Косово