Други спортови СПОРТ

Средба на Хабиб со Путин во Кремљ

Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, го покани борецот Хабиб Нурмагомедов на средба во Кремљ.

Оваа вест ја сподели Брет Окамото, кој разговараше со Ризван Магомедов. Во неговиот разговор, Магомедов, кој е еден од менаџерите на Хабиб, за Окамото изјавил дека Путин и Нурмагомедов разговарале по телефон, по што следел официјален повик.

Денес, Хабиб се враќа во Дагестан, каде се очекува да биде пречекан како херој. Минатиот викенд легендарниот „Орел“ ја одржа последната борба во кариерата против Џастин Геиџи. Нурмагомедов со победата на тој дуел дојде до биланс од 29-0, по што објави дека се повлекува од ММА борбите. Во последните неколку години, Хабиб се стекнал со огромна слава.

Непоразениот шампион е финансиски сигурен за живот и веројатно ќе ги следи стапките на неговиот покоен татко и ќе ги едуцира новите генерации. Пред две години, Нурмагомедов и неговиот татко се сретнаа со Путин, кој потоа им ја честиташе победата над Конор Мек Грегор.

Поврзани вести

Постхумно признание: Брајант кандидат за кошаркарската Куќа на славни

Stefanija Kuzmanovska

Солскјер: Можеме да изнајмиме еден или двајца во јануари

Влатко Зорба

Финалето во Лига Европа во 2022 година ќе се игра на „Пушкаш арена“ во Будимпешта

Вернер ќе го одбие Баерн поради Ливерпул

Јувентус крие голем скандал меѓу тренерот Маурисио Сари и sвездата Кристијано Роналдо

Директорот на Вимблдон: Се надевам дека Федерер и Серена ќе играат во 2021 година