Авто/мото СПОРТ

Светскиот Ф1 шампион Луис Хамилтон ќе донира 500.000 долари на жртвите од пожарите во Австралија

Светскиот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон (Велика Британија) објави на Твитер дека ќе донира 500.000 долари за да им помогне на жртвите од шумските пожари во Австралија.

Пилотот на Мерцедес изјави дека е скршен поради штетата што пожарот ја нанесе на луѓето и на животните во земјата.

Големи шумски пожари избувнаа на источниот брег на Австралија во средината на октомври минатата година. Во моментот, огнената стихија опфати значителни територии во југоисточниот дел на континентот во државите Нов Јужен Велс и Викторија.

Пожарите однесоа најмалку 26 жртви, вклучително и тројца пожарникари, уништувајќи повеќе од 10,7 милиони хектари шуми, повеќе од 2.000 домови и повеќе од 3.000 канцелариски и земјоделски објекти.

Локалниот еколог професор Крис Дикман претходно оваа недела објави дека најмалку една милијарда животни починале од пожарите.

Поврзани вести

Тодоров го објави списокот од 12 кошаркари, отпаднаа тројца дебитанти

Фетел најбрз на втората тренинг сесија во Унгарија

Stefanija Kuzmanovska

Ракометна Лига на шампиони: Вардар против ПИК Сегед во осминафиналето

10.000 евра донација од ФК „Шкупи“ за семејства во Драч

Влатко Зорба

Мбапе ќе зема плата колку Меси и Кристијано

Робертсон: Натпреварот против Атлетико е живот или смрт, се надеваме дека ќе ја завршиме работата