Други спортови СПОРТ

Тајсон изгледа во топ форма на 54 години (ВИДЕО)

Мајк Тајсон се поблиску е до враќање во рингот. Легендарниот боксер почна да објавува снимки најавувајќи враќање на боксот во 54. година од животот. Тајсон може да боксува на 11 јули против четири години постариот Ивандер Холифилд, кому во 1997 година му го гризна увото.

„Неговите луѓе разговараат со многу луѓе, па иако се уште не сме дошле до цврст договор, се работи на тоа. Ако се случи, нема проблем. Работата е во тоа што тој нешто работеше и јас нешто работев, а луѓето почнаа да зборат и пресметаа два и два, заклучија дека сигурно се враќаме заради меѓусебна борба. Но фактот е дека јас не би имал ништо против“, изјави боксерот кој во 1996 година прво му ја одзеде титулата на Тајсон со технички нокаут во 11 рунда, а една година подоцна ја одбрани затоа што Тајсон беше дисквалификуван откако во третата рунда на противникот му одгриза дел од увото.

Дека Тајсон сериозно работи на враќање на боксот по 15 години, покажува и последната снимка. Се појави без маица, го покажа импресивното тело и брзина за 54- годишник и ги воодушеви фановите.

 

Поврзани вести

Милион евра и од Ѓоковиќ за борбата против коронавирусот

Петнаесетгодишната сензација Гауф: Јас сум во шок, ова е мојот прв ВТА трофеј

Влатко Зорба

Денеска ќе се одржи првиот пливачки маратон „Тоше Проески“ во Крушево

Берта Китинска

Бисерка Петровиќ: Кобната вечер ми се јави Македонка и ми рече вашиот син загина!

Морати: Меси во Интер не е целосно невозможен сон

Кулибали е наследникот на Серхио Рамос