СПОРТ Фудбал

Тијаго Силва го продолжи договорот со ПСЖ до крајот на сезоната

Неколку фудбалери на ПСЖ, чии договори истекуваат денес, ги продолжија договорите со францускиот клуб до вистинскиот крај на тековната сезона. Помеѓу нив е и дефанзивецот Тијаго Силва.

– Голманот Серхио Рико, дефанзивецот Тиаго Силва и напаѓачот Ерик Максим Шупо-Мотинг, остануваат во тимот до завршувањето на сезоната, објави францускиот шампион.

Сепак, ништо не се зборува за статусот на напаѓачот Единсон Кавани. На играчот му истекува договор со парижаните, а Уругваецот отворено изјави дека има намера да го напушти клубот.

За потсетување, француската Лига 1 заврши пред предвиденото, а ПСЖ беше прогласен за  шампион. Сепак, францускиот клуб го очекува продолжувањето на сезоната во Лигата на шампионите.

Поврзани вести

Бернардески на излезна врата од Јуве по ангажирањето на Кулушевски

Кутињо на чекор од Арсенал

Челзи го договори Зијех за 45 милиони евра

Клинсман поднесе оставка од тренерската позиција во Херта

Никола Поповски

Претседателот на Барса: Немаме никакви приходи, но засега исклучуваме банкрот

Драконска казна од УЕФА: Двегодишна суспензија од ЛШ за Манчестер Сити!