Кошарка СПОРТ

Тимот на Леброн, на „Ол-стар“ натпревар ќе настапи со број „2“ во чест Џиана Брајант

Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, соопшти дека неговиот тим на НБА „Ол-стар“ мечот ќе игра во дресови со број „2“ во чест на Џиана Брајант која загина во хеликоптерска несреќа заедно со нејзиниот татко и уште седум други лица.

  • Лигата ме контактираше и ме прашаа со кој број ќе игра мојот тим на „Ол-стар“ натпревар. Јас го избрав бројот „2“ наместо 24“. Зошто? Поради почит кон ќерката на Коби, Џиана која носеше „2“.

Во спомен на легендата на Лејкерс, НБА лигата реши дека една од екипите на Ол-старот во Чикаго на 16 февруари ќе игра во дресови со број 24.

Поврзани вести

Венгер е подготвен да го преземе Баерн

Кастратовиќ останува тренер на Металург

Моника Селеш проговори за нарушеното здравје

Рајола: Погба не е среќен ако не игра

Сезоната во Италија тешко дека ќе продолжи

РФМ нема да ја користи финансиската поддршка од Владата за вработените