СПОРТ Фудбал

Тотехнем ја оствари целта: Рутинска победа во Скопје (видео)

Македонија остана без клупски претставник во Европа, откако Шкендија во Скопје загуби од англискиот премиерлигаш Тотенхем (1-3) во рамки на третата квалификациска рунда и испадна од квалификациите за место во Лигата на Европа.

Многу рано уште во петтата минута играчите на Жозе Мурињо дојдоа во водство, одбраната на Шкендија не внимаваше најдобро, Сон убаво го пронајде Ламела кој само рутински ја испрати топката во мрежата на Захов (0:1).

Шкендија го шокира фаворитот со еден гол на стартот на вториот дел, ама ремек-делото на Нафиу не беше доволно четврти пат во историјата тимот од Тетово да игра за место во групите во најмасовното натпреварување на УЕФА.

Мурињо веднаш реагираше, ги внесе во игра Ло Селсо и Кејн, во обид да го избегне софиското сценарио и да трепери, па веднаш почнаа заканите. Во 70 минута Сон по една мешаница во шестнаесетникот успеа да постигне гол за 2:1.

По ова Шкендија веќе немаше сили да се врати во игра, а девет минути по голот на Сон, Хари Кејн ги постави конечните 1:3 токму по асистенција на Сон.

Тотенхем во последното коло од квалификациите за групната фаза од Лигата на Европа ќе игра против екипата на Макаби Хаифа.

Поврзани вести

Нејмар ќе избегне санкција за ударот во лице на еден од навивачите

Влатко Зорба

Ердоган ургира за Ларкин да земе турски пасош и да игра за репрезентацијата

Македонската фудбалска репрезентација домаќин на Косово во полуфиналето на Лигата на нации

Никола Поповски

Бекам: Јас како дете го имав Фергусон, денес е многу потешко за младите играчи

Stefanija Kuzmanovska

Познати 20 учесници на ЕП 2020

Влатко Зорба

Додека Клоп изразува незадоволство, неговиот шеф работи за уште потежок календар

Александар Петровски