СПОРТ Фудбал

Тотенхем: За 25 милиони фунти годишно ќе го смениме името на стадионот

Тотенхем бара компанија за да ги продаде правата за новото име на нивниот стадион, пренесува англиски Телеграф. „Петлите“ бараат 375 милиони фунти за 15 години, што значи 25 милиони фунти годишно.

Досега никој од потенцијалните купувачи не изрази желба да склучи договор со клубот.

Ако, сепак, се открие компанија која ќе ги прифати условите на Тотенхем, ние ќе бидеме сведоци на најголемиот договор во овој поглед. Досега првото место го држи стадионот Торонто, кој го носи името на „Scotiabank Arena“. Вредноста на оваа зделка е 488 милиони фунти за 20 години или 24,4 милиони фунти годишно.

Новиот стадион на Тотенхем со капацитет од 62.062 гледачи е меѓу најмодерните во светот. Отворен е оваа пролет, а неговата изградба чинеше 1 милијарда фунти.

Поврзани вести

Емери би можел да го замени Жардим на чело на Монако

Влатко Зорба

Хем официјално го објави назначувањето на Дејвид Мојс за тренер на клубот

Maja_Serafimova

Премиер лига: Црвен картон за кашлање кон противникот ?!

Влатко Зорба

Алегри главен фаворит за клупата на Баерн

Леброн ќе одмора на мечот против Голден Стејт

Сетиен за состојбата во Барселона: Јас се грижам за фудбалот, сè друго не е во моја контрола