СПОРТ Фудбал

Ц. Звезда пред 29 години стана европски првак: Панчев го реши Олимпик Марсеј (видео)

Црвена Ѕвезда го освои Купот на шампионите во Бари на 29.05.1991 година, победувајќи го Олимпик Марсеј, по подоброто изведување на пеналите со 5: 3 (0:0).

Плановите и идеите за кампањата за европскиот трон на „Маракана“ беа направени во средината на 80-тите години, а тандемот на водечките луѓе во тоа време бил Драган Џајиќ – Владимир Цветковиќ, кои ги донеле најдобрите играчи на домашниот пазар и создале тим што можел веднаш да се натпреварува на континентално ниво.

Така на 29.05.1991 година, по изведувањето  на пенали одекнале познатите зборови: „Црвена Ѕвезда е европски шампион! Дарко, Дарко, Дарко…“.

Дарко Панчев го постигнал решавачкиот гол во пенал серијата во финалето, по што стадионот „Свети Никола“ во Бари „експлодирал“.

Да потсетиме, во регуларниот дел и по продолженијата резултатот бил 0:0, а Црвена звезда славеle со подобар учинок на пенали со 5: 3 и се искачиле на покривот на Европа.

Во декември истата година, Ѕвезда ја освоила и титулата клупски светски шампион во Токио совладувајќи го чилеански Коло Коло со 3: 0.

Под водство на тренерот Љупко Петровиќ, Црвена Ѕвезда играла во финалето во следниот состав: Стојановиќ, Југовиќ, Маровиќ, Шабанаџовиќ, Белодедиќ, Најдоски, Просинечки, Михајловиќ, Панчев, Савичевиќ, Биниќ.

Поврзани вести

Михајловиќ ги откри деталите од борбата со леукемијата (ВИДЕО)

КФСМ: Федерацијата, со посебна одлука на Владата, ја доби салата „Кале“ во свое владение

КФСМ со благодарница за општина Центар за поддршката на проектот минибаскет лиги

Куман ги претстави барањата пред челниците на Барса

Влатко Зорба

Реал Мадрид со одлука да не купува играчи во зимскиот трансфер прозорец

user3

Митревски најдобар голман за октомври во СЕХА

Maja_Serafimova