СПОРТ Фудбал

Турција пред казна: УЕФА ја разгледува опцијата финалето на ЛШ да не се игра во Истанбул

Европската фудбалска унија, УЕФА, ја разгледува идејата финалето во Лигата на шампионите во 2020 година да не се игра во Истанбул, со што би се казнила Турците поради политичката ситуација во таа земја.

Сè поголем е бројот на оние кои сакаат од безбедносни причини да го сменат домаќинот на финалето, во момент кога турската војска врши воени операции против Курдите во северниот дел на Сирија.

Одлуката треба да се донесе во соработка со Извршниот одбор и претседателот на УЕФА. Инаку, освен за 2020, се знаат градовите во кои финалните натпревари на ЛШ треба да се играа и во 2021 (Санкт Петербург), 2022 (Минхен) и 2023 (Лондон).

Поврзани вести

Реина ги спореди симптомите на коронавирус со удар на камион

Зидан: Болно е на ваков начин да загубите бодови

Никола Поповски

Кливленд без решение за Ленард

Никола Поповски

Светот во неверување: Деветмина загина во приватниот хеликоптер на Коби Брајант

Никола Поповски

Елмас без партнерка на божиќната вечера на Наполи

Состојба пред разделба: Манџукиќ повеќе не тренира со Јувентус

user5