СПОРТ Фудбал

Валверде заминува од Барселона, Чави го наследува?

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде е доста разочаран што клубот не разговарал со него за ситуацијата во тимот, туку почнал да бара негова замена во лицето на Чави, кој во моментов е ментор на катарски Ал Сад, пишува Sport.es .

Педесет и пет годишниот стратег бил бесен што ги дознал сите информации за разговорите на Каталонците со Чави од печатот, а клупското раководство никогаш не разговарало со него за тоа прашање.

Претседателот на клубот, Пеп Бартомеу, планира да се сретне со менторот во наредните денови, но досега никој од управата не разговарал со него за изгледите, ниту пак разговарал со него за состојбата во целина.

Одлуката за именување на Чави се очекува да биде донесена во понеделник.

Поврзани вести

Дали Покетино ќе го преземе кормилото на Јунајтед?

Никола Поповски

Мегваер: Јунајтед сака да се бори за титули, а не за место во ЛШ

Суарез ги договорил личните услови со Јувентус

Александар Петровски

ЛШ: Аталанта на чекор до четвртфиналето, Лајпциг славеше во Лондон (ВИДЕО)

Александар Петровски

Евакуација од стадионот: Мојс и двајца играчи на Вест Хем непосредно пред натпревар дознале дека се заразени

Никола Поповски

Фетел: Никој не знае до кој степен може да се контролира ситуацијата со коронавирусот