СПОРТ Фудбал

Ван Гал: Морав да преживеам 6 месеци со јаже околу вратот во Јунајтед

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Луис Ван Гал, продолжува да го напаѓа извршниот директор на клубот, Ед Вудворд.

Холанѓанецот ги водеше „црвените ѓаволи“ помеѓу 2014 и 2016 година, по што беше заменет со Жозе Мурињо.

– Најтешко во текот на мојот престој во клубот беше да преживеам 6 месеци со јаже завиткано околу вратот. Мојата сопруга Трус ме предупреди дека тоа ќе биде случај, а жените имаат одличен инстинкт за такви нешта. Таа предвиде што крои Вудворд. Не мислев дека тој навистина ќе го стори тоа. Тоа беше најголемото изненадување во мојата кариера кога Вудворд ме отпушти по втората сезона на Олд Трафорд, изјави Ван Гал за „Мирор“.

Поврзани вести

„Не е време за зборови, време е за солзи“

Влатко Зорба

Подмладената ракометна репрезентација славеше над Турција

Maja_Serafimova

Монако продава 30 фудбалери

Поранешна тенисерка: Ѓоковиќ зборува опасни работи, мора да ги повлече своите зборови

Stefanija Kuzmanovska

Невиден пресврт на Милан го сруши шампионот на „Сан Сиро“

Влатко Зорба

Имунолог: Историскиот натпревар на Аталанта е главната причина за катастрофата во Бергамо