СПОРТ Фудбал

Во понеделник почнува продажбата на билетите за мечот против Косово

Влезниците за мечот меѓу фудбалските репрезентации на Северна Македонија и на Косово во полуфиналето во Лигата на нации ќе почне во понеделник. Место на северната и на јужната трибина ќе чини 300, односно, 400 денари и ќе може да се резервира преку продажната мрежа на „МК Тикетс“.

Едно лице, според препораките на МВР, ќе може да купи еден билет за мечот на 26 март (20.45 ч.) на арената „Тоше Проески“ кој е прогласен за високоризичен. Билетите ќе бидат персонализирани, со име и презиме и број на лична карта.

Западната трибина е резервирана за македонските навивачки групи кои најавија обединување за македонско-косовската фудбалска пресметка, а за гостинските фанови е планиран седум отсто од капацитетот на стадионот и тие ќе бидат сместени на „Исток“.

Поврзани вести

Солкскјер останува на клупата Манчестер Јунајтед

Никола Поповски

„Граѓаните“ се жалат на судењето на дербито со Ливерпул

Хулк се оженил со внуката на својата поранешна сопруга

Франк де Бур назначен за нов селектор на Холандија

Александар Петровски

Алегри: Важно е да се работи во клуб со амбиции за трофеи

Влатко Зорба

Манчестер јунајтед ќе плати 130 милиони евра за Санчо