Кошарка СПОРТ

За денеска закажана комеморацијата за Коби и Џиџи во Стејплс

Денеска во Стејплс центарот во Лос Анџелес ќе се одржи комеморација во чест на Коби и Џана (Џиџи) Брајант, на која ќе се слави нивниот живот, но и ќе се тагува поради прераната смрт.

На каналот на ТМЗ-Спортс ќе се прикажува пренос во живо. Повеќе од 88.000 луѓе аплицирале за билети за комеморацијата во првите неколку часа откако биле пуштени во промет.

Улиците околу Стејплс ќе бидат затворени, бидејќи се очекува и пред објектот да се соберат голем број луѓе. Салата има капацитет од 20.000 лица, па голем број нема да бидат во можност да присуствуваат на самата церемонија.

Властите во Лос Анџелес апелираат до оние кои немаат билети да останат дома и да го следат преносот на телевизија или преку стрим-канал онлајн. Тие изрично нагласуваат дека нема да има пренос на екран пред Стејплс, но сепак, очекуваат дека пред салата ќе се соберат голем број луѓе.

Коби и Џана и уште седум лица трагично ги загубија животите во хеликоптерска несреќа на 26 јануари оваа година. На комеморацијата ќе присуствува и неговата сопруга, Ванеса.

Поврзани вести

По две години: Младата ѕвезда на Ајакс излезе од кома

Stefanija Kuzmanovska

Според „Франс Фудбал“: Нејмар има далеку поголема плата од Мбапе

Никола Поповски

Хем официјално го објави назначувањето на Дејвид Мојс за тренер на клубот

Maja_Serafimova

Демирал во аут до крајот на сезоната

Никола Поповски

„Медисон Сквер Гарден“ остана без вода

Болидот на Ферари 412 Т2 од 1995 година на Шумахер ставен на аукција