СПОРТ

Женската ракометна репрезентација убедлива против младите Турчинки

Женскиот сениорски ракометен национален тим на Северна Македонија убедливо ја совлада втората селекција на Турција со 37:19, и дојде до првата победа на турнирот во Анталија.

Избраничките на Симе Симовски немаат време за одмор или славје, бидејќи веќе попладнево имаат дуел со првиот тим на Турција. Вчера „црвено-жолтите“ одиграа нерешено против Италија.

На нерамноправниот дуел со турските резерви, нашите ракометарки го добија првото полувреме со 20:12, па селекторот им даде шанса на младите, кои ја оправдаа довербата, па на крај извојуваа триумф од 18 голови разлика. Утре нашите ракометарки ќе одмараат, а в понеделник играат со Косово.

Поврзани вести

Солскјер: Можеме да изнајмиме еден или двајца во јануари

Влатко Зорба

Роналдо губи 10 милиони евра поради коронавирусот

АТП за корона-турнирот „Адриа тур“: Бараме строго придружување кон здравствените протоколи

10.000 евра донација од ФК „Шкупи“ за семејства во Драч

Влатко Зорба

Мурињо го коментираше отсуството на Ндомбеле од вчерашниот натпревар со Брајтон

Maja_Serafimova

Сари лут на своите играчи по поразот од Верона