СТАВ

Алексиќ: Напредна технологија – назадна природна интелигенција

ОСТРОУМНОСТА преживува еутанизам, доброволно успивање за навек! Прифаќањето непријатности до рамнодушност, резултира со евтино продавање на мрвило, на мртви души… Човекот станува евтина стока на пазарот.

Кому корист од такво мртвило, освен на „погребалните компании“ ширум светот кои профитираат од умртвување на разумноста, на здравиот разум и дух, на здравото човечко тело ( патем, не е евтин ни самиот чин на погребување).

Новиот милениум со нови промени на микро план, влегува во најситните пори на општеството, перфидно под закрила на нови законски решенија и реформи во име на прогресивни промени, да не можеш да го видиш глобалното уназадување на макро план.

Новините нѐ уназадуваат, колку и да звучи парадоксално и стравувам да помислам до каде ќе не дотурка (истурка) вештачката интелигенција и дали филмот со роботот Џошуа почнавме да го живееме, кога роботите ќе управуваат со животот на луѓето.

Поинаква е судбината на луѓето кои се осмелуваат да го изнесат на виделина она што не го забележуваат рамнодушните и лицемерните…

Современиот суд не признава дека цел амбис пукнал меѓу човечноста и човекот, понор кон пропаста на вистинските хумани вредности.

ФБ статус на Татјана Алексиќ

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Јовановиќ: Филипче доста добро се справува со корона-кризава

Влатко Зорба

Богојески: Доволно беше ВОНРЕДНА, време е за РЕДОВНА состојба!

Забрчанец: СДСМ носи развој и сигурна иднина, ВМРО-ДПМНЕ нуди страв и мрачно минато!

Влатко Зорба

Ристевски: Тест за човештвото

Влатко Зорба

Мојсовска Манојлова: Вирусот ќе си го земе својот данок, здравствено кревките ќе го платат со живот, малите бизниси со колапс

Влатко Зорба

Силјановска: Уставниот суд храбро да реагира на вирусот на неуставноста

Влатко Зорба