СТАВ

Алексиќ: Не умееме да бидеме СРЕЌНИ

Среќни се здравите и љубезните, оние кои умеат дасе радуваат на ,,ситни” и спонтани нешта во секојдневието.

Животот знае да ја иситни човековата среќа во конфети, да ја перфорира во мали нешта и расфрли врз луѓето опрашувајќи ги со колективна радост.

Сѐ поголем број луѓе сметаат дека услов за среќа се парите, успехот, личната убавина, (оти туѓата е извор на љубомора и несреќа). Формулата за среќа ја препознаваат во скап автомобил („подобро да плачам во мерцедес отколку во југо“), убава жена (за сладострасните може и по некоја атрактивна љубовница), куќа од 200-300 м2 и перспективен бизнис за да го одржи сето тоа. Баш не е малку, но уште помалку е услов за среќа!

Луѓето и во економски развиените земји и семејства се несреќни, наместо конфети се делат апчиња за вештачка среќа. Среќата не е наследна, таа се учи и кога ќе научиме свесно да ги пермутираме негативните емоции во позитивни, сме направиле мал чекор за човештвото – но огромен за себе!

Среќен е оној кој ќе научи да биде љубезен, дарежлив, толерантен и вечно вљубен во човештвото. Среќни се човекољупците кои умеат да го „запрашат“ секојдневието со конфети од љубов.

Здравјето е среќа и дур не го изгубиме не знаеме дека е чист извор на радости… Среќни моменти во тажни денови

ФБ статус на Татјана Алексиќ

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Јовановски: Во Холандија се чувствував исплашено и несигурно, најискрено се чувствувам побезбедно тука

Влатко Зорба

Мишолиќ: На Наќе многу повеќе му се зборува кога прекршителот е од СДСМ

Влатко Зорба

Исмаил: Ветото на Бугарија е безбедносно прашање

Влатко Зорба

Сарачини: Голема победа за граѓаните и европската иднина, тажен ден за криминалците

Влатко Зорба

Мицевска: Новинарите и во оваа криза никако да ја надминат суетата

Влатко Зорба

Алексиќ: Свесен и несреќен или заробен и среќен?

Влатко Зорба