СТАВ

Алексиќ: Нема да нѐ уништи вирусот на корона, колку што нѐ ништи вирусот на егоизам

Политичко ропство, робување на погрешна политика, инатеење, препукување и полтронирање (пенетрирање) во власта по секоја цена, толку многу може да ги избербати сфаќањата на еден народ, да здравиот разум почнува да боледува, нервите се тенчат и на крај сѐ се извитоперува.

Таквиот пореметен народ не разликува добро од зло, што е штетно, а што корисно за него. Емоционално и етички пропаѓа, физички се исцрпува губејќи ја можноста за духовно усовршување.

Така се поплочува патот до пеколот, што би рекол Данте Алигиери.

Крајно време е политичарите и луѓето кои ја креираат власта, како и гласачите кои ги бираат, да се рестартираат од императивот на материјалистичките амбиции и да се логираат на високоетички човекови вредности.

Нема да нѐ уништи вирусот на корона, колку што нѐ ништи вирусот на егоизам, но треба да нѐ освести дека сме на крајот од крајното време…

ФБ статус на Татјана Алексиќ

*Ставовите изразени во рубриката Став се лични ставови на авторите, истите се јавни и преземени од социјалните мрежи и тие воопшто не ја одразуваат уредувачката политика на Стандард

Поврзани вести

Рамадани: Три забелешки за дополнителните мерки

Влатко Зорба

Трпкова: Инвестициите во култура и образование оставаат важни историски траги и ги надживуваат лошите спомени

Влатко Зорба

Спасов: Кичеец за пратеник, Камчев за „Шпицен кандидат”за премиер

Влатко Зорба

Цветанов: Додека земјоделците чесно и макотрпно го заработуваат секое парче леб, кадрите на ДПМНЕ ги рекетираат и уценуваат

Влатко Зорба

Спировска: Да се биде директор значи да си одговорен не само за вработените, туку и за нивните фамилии

Влатко Зорба

Жерновски: Животот ја победи смртта